Ти ветувам дека засекогаш покрај се, во оглед на се , со кој и да сум, кај и да сум ќе те носам во мене ќе те носам во срцето. Ветив од секогаш и засекогаш.💜
После твоето заминување не е ништо исто. Јас се променив, се промени мојот живот, моите навики, а и моето срце се промени. Не може да засака никој после тебе.
Зошто не ме прегарна? Зошто не ми рече збогум? Зошто после толку спомени и предизвикани насмевки не дојде за последно да ми речеш "Дојде крајот малечка моја тука се разделуваме"? Ќе ми фалиш премногу. Збогум.
Ми фалат моментите кога бев навистина среќна. Ми фали таа среќа предизвикана од тебе. Ми фали твојата насмевка и таа прегратка во која секогаш треперев како да е прва. Ми фалиш толку многу што без тебе мојот живот нема смисла и цел.
Ете дојде момент кога мораше да те закопам некаде длабоко во срцето, да те оставам далеку во сеќавањата. Време беше да се впуштам во нова авантура без тебе. Со добра лекција од оваа приказна и конечно среќна после сите болни денови. Збогум невозвратена љубави. Можам и без тебе.😉
Веќе ако си несреќен немој да ја покажуваш болката пред сите затоа што некои луѓе едвај чекаат да те видат во таа состијба за да те доуништат повеќе. Затоа колку и да си тажен имај насмевка на лицето.